Заев: Ние сме земја која нема да воведе санкции против Русија

9

Премиерот Зоран Заев денеска на 25-годишнината од воспоставувањето на македонско-руските дипломатски односи рече дека Македонија, заедно со Србија, остануваат двете земји кои нема да ја следат политиката на ЕУ и да воведат санкции против Русија, со тоа што нема да го следат примерот на Црна Гора и Косово.

– Има простор директно да ги продаваме нашите земјоделски производи во Русија, а не документацијата да оди преку Србија. Секој пазар што досега бил неотворен за нас, може да придонесе за нашиот развој со зголемувањето на нашиот извоз во таа земја, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија ќе соработува со Русија, кина, земјите од Блискиот Исток и Азија, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон заклченувањето во НАТО и ЕУ. Според Заев, отворањето на дијалогот со Русија не е одговор на Македонија кон Брисел по неодлучноста да и се даде на земјата датум за преговори.

– Одлуката за меѓувладината конференција е отворена уште во 2017 година, а ко-претседавачите од двете страни се избрани во 2018, а претходно три години не беше организирана. Знаете дека и Франција, Германија, Холандија соработуваат со Руската Федерација на економски план. Ние работиме на унапредување на економските политики, бидејќи потенцијалот е голем, наведе Заев.