Заев: Односите со ДУИ се стабилни

6

Премиерот Зоран Заев вели дека односите со коалициониот партнер ДУИ се стабилни. Тој вели дека до изборите е важно да се фокусираат на тоа што ќе им понудат на граѓаните, а граѓаните на изборите ќе одлучат за идните соработки. Премиерот одговараше на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседателот на партијата Мухамед Зеќири дека не сака да коалицира со ДУИ.

Заев за изјавата на Зекири вели дека во СДСМ има демократија, право на дискусија и слобода на различно мислење.

Премиерот одговарајќи на прашање за актуелните случувања во правосудството, апелираше да има соработка и меѓусебна почит на сите чинители во правосудните постапки.

„Граѓаните сакаат резултати. Кога има нетрпение меѓу судот и обвинителството, тоа граѓаните непријатно го доживуваат и затоа реагираат“, рече Заев.