Заев од самитот „Отворен Балкан“: Моето последно директно учество

8

Премиерот Зоран Зев за време на денешната сесија на Самитот „Отворен Балкан“ во Тирана, рече дека ова е неговото последно директно учество во оваа иницијатива.

„Имаме успеси, да покажеме резултати дека работната група заврши одлична работа. Имаме очигледни чекори да покажеме, ова ќе биде моето последно директно учество“, рече Заев.

Тој истакна дека идниот премиер, Димитар Ковачевски, целосно се согласува со оваа иницијатива и ќе продолжи со работата што ја иницира самиот Заев.