Заев: Поддршка за исплата на плати за три месеци

169

Претседателот на Владата Зоран Заев на прес конференција денеска го презентираше четвртиот пакет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

„Четвртиот сет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност кај граѓаните, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор за општествениот раст“, посочи премиерот Заев.

Тој посочи дека првата мерка е поддршка за исплата на плати која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно за месеците октомври, ноември и декември.

„Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде скалесто согласно падот на приходите кај компаниите, колку е поголем падот на приходите кај компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката за изплата на платите и таа ќе се движи од најмалку 14.500 денари помош и поддршка по вработен до 21.776 денари“, посочи Заев.