Заев: Постои сериозна можност да не се одржи Меѓувладината конференција!

23

Премиерот Зоран Заев денеска потсети дека празникот на 11 октомври го запознал народот дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија.

– Дефинитивно денеска стојам како на тој 11 октомври, дека постои сериозна можност да ние не добиеме прва Меѓувладина конференција со ЕУ, вели Заев.

Тој сепак додаде дека напорите за изнаоѓање решение се засилени.

– Ќе дадеме се од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако има работи за кои никаде во светот не се преговара, ниту кај нас ќе се преговара и тоа бугарската страна го сфаќа. Сфаќаат дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право и државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решение, кошто секако би било прифатливо за двете страни, заклучува премиерот Заев.