Заев: Предлогот на Бугарија ниту е добрососедство, ниту е братски, а најмалку европски

53

Она што го бара ниту е европски, ниту пријателски, вели премиерот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите што министерот за надворешни, Османи ги имаше во петокот во Софија со бугарскиот премиер Борисов и министерката за надворешни, Захариева.

Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме македонскиот народ дека нема да почнат преговорите со ЕУ, вели премеирот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите меѓу министерор за надворешни Османи со бугарскиот премиер, Борисов и министерката за надворешни Захариева во петокот во Софија.

Сепак, Заев верува дека тоа не е став на како што вели, неговиот пријател Борисов, а ниту на бугарскиот народ. Тој останува оптимист дека ќе се изнајде решение.

,,Ние ќе направиме се во овие претстојни денови да најдеме решение. Ние ја прифативме заедничката историја или општата историја како што ја викаат во пријателска Бугарија.

Доколку Европската унија дозволи македонскиот јазик да биде пречка кон интеграција на државата, тогаш не ја заслужува придавката европска во своето име, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, откако беше прашан дали е можен договор за отворените прашања со Бугарија до 10 ноември, односно рок што го испорача бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по средбата со министерот за надворешни Бујар Османи во петокот во Софија.

,,Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифат кои сме и каков јасик зборуваме- ние зборуваме македонски јазик.

Бугарскиот премиер го зацрта 10-ти ноември, датумот кога ќе се одржи Берлинскит процес, а со кој претседаваат и Македонија и Бугарија, како датум до кога треба да се најде компромисно решение. Официјална Софија инсистира на договор кој што ќе ги задоволи сите и со што би се отстраниле евентуални пречки од страна на Софија на патот на Македонија кон членство Унија.

Македонските власти како и Германија, која е актуелен претседавач со Европската Унија, очекуваат првата меѓувладина конференција, како официјален почеток на преговорите, да се случи во декември.Отворените прашања на македонско-бугарската релација се тема на состанокот на мешовитата историска комисија, која ќе се одржи кон средината на месецов.