Заев: Секако дека нема да дадам оставка

9

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку недели бара оставка од премиерот Зоран Заев поради неуспешните преговори со Бугарија и добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Меѓутоа премиерот Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 потврди дека тоа нема да се случи.

Тој истакна дека народот стои зад европската агенда и дека сите институции добро му служат на народот.

„Нашиот народ стои на европската агенда. Целиот наш народ е зад нас, и ние сите најодговорните од извршната, локалната власт и претседателот Пендаровски, му служиме најдобро“, рече Заев.

Тој претходно рече дека е добро што изборите биле одржани летото, затоа што истите ќе требало да се случат сега, а тоа не би било паметно со оглед на високите бројки на заразени со коронавирусот.