Заев: Секој што го прекршил законот ќе одговара

6

Нема скриена амнестија – секој што го прекршил законот ќе одговара, тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на заробена држава, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако попладнево беше изгласан законот за јавно обвинителство. Мицкоски направи се да го спречи носењето на законот и да го одбрани Никола Груевски но не дозволивме да се загрози евипската иднина на земајата – дополни Заев.

Лидерот на СДСМ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава.

Заев порача дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, утре во 18 часот пред Собранието да се приклучат кон Маршот на правдата.

Од прес-конференцијата во партискиот штаб испрати и порака до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното и дека сега ЕУ е на потег.

-ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, ниту за европска иднина, покажа дека ништо не се променило, дека белиот дворец е се уште е заложник на осудениот криминалец Груевски, истакна Заев.

Тој уште еднаш нагласи дека на СДСМ и е најважна европската иднина на земјата и изградбата на правната држава.

-Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина. Продолжуваме со реформите. Сега Европската унија е на потег, ЕУ мора да го види и да го препознае овој балкански потенцијал. Нашата земја ги исполнува и реализира своите обрвски. Почитивани граѓањани на ЕУ, почитувана Европска комисија и лидери на земјите членки, нашите ветувања ги исполнуваме, време е и ЕУ да го исполни своето ветување, рече Заев.

Дополни и дека бара нов, чист мандат за, како што напомена, да се расчисти правосудството од нечесните обвнители.

-Одиме со одлучни чекори кон неселективна и вистинска правда, а одгвоорност ќе има за сите кои ги пекршиле законите, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.