Заев: Се очекуваат повеќе од 250 милиони евра од производство на канабис

21

Премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција најави дека 2021 ќе биде година во која ќе се дебатира за декриминализација на марихуаната во Македонија, што би можело да води и кон нејзина целосна легализација.

Парламентот на почеток на 2021 година ќе дебатира за декриминализација на канабисот, а до крај на јуни 2021 година ќе се дебатира за целосна легализација според планот Акција 212 на Владатас.

Искуствата на државите како Канада, Чешка, Холандија покажуваат дека заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност, вели Заев.

Премиерот истакна дека на овој начин се очекуваат повеќе од 250 милиони евра од производство на канабис за медицински цели и отворање нови високоплатени работни места.