Заев со владина делегација во посета на Чешка

18

Владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Чешката Република.

Заев, во придружба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и државниот секретар во МНР, Зоран Попов, ќе се сретне со премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, по што е најавена и тет-а-тет средба.

Владината делегација, според наавите, ќе има средба и со претседателот на Сенатот на Чешката Република, Јарослав Кубера.