Заев: Успешен старт на пописот во земјава

1

Премиерот Зоран Заев е задоволен од почетокот на процесот на попис на населението во земјава. На денешната прес конференција тој упати честитки до попишувачите, но и до сите граѓани, повторувајќи дека станува збор за статистичка операција којашто е возможно да се спроведе и за време на пандемија.

„Исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок покажува дека околу 94.500 се попишани, што е исклучително успешно имајќи предвид дека е прв ден за попис. Сакам да им честитам на сите попишувачи, но најмногу на сите граѓани“, рече Заев. the SIAM Health Assessment can be used