Заев: Утре Владата ќе донесе одлука за ПЦР тестот, регионот треба да биде отворен

24

Комисијата за заразни болести на денешниот утрински состанок предложи укинување на ПЦР тестот со граѓаните на Косово, Србија, Албанија и Црна Гора. Истиот предлог го достави до Владата.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата со министерката Мила Царовска даде свој коментар.

„Утре Владата ќе одлучува за укинување за ПЦР тестот. Регионот треба да биде отворен“, вели Заев.

Тоа би значело дека граѓаните од Црна Гора, Косово, Србија и Албанија ќе може да влегуваат во Северна Македонија без никакви ограничувања, односно без ПЦР тест кој досега беше задолжителен.