Заев ја поднесе оставката, во оставка е и цела Влада

10

Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој што се наоѓа земјата имаа и национална и политичка тежина. Во вакви услови за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам владата на евро-атланскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин.“ Ова е дел од писмото кое заедно со оставката премиерот Зоран Заев само што го прати до собранието.

„Со мојата оставка со која ја превземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот но исто така на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја превземаат грижата за својата земја“, пишува Заев во писмото.

Во писмото, премиерот во оставка, вели дека во неговиот мандат се донесени историски одлуки како договорот со Грција со кој Македонија се збогувала со референцата БЈРМ и го потврдила Македонскиот јазик и идентитет како и членството во НАТО, а го споменува и концептот „Едно општество за сите“.

Во оставката пак Заев само се повикува на одредбите од деловникот и најавува дека нема да ја образложи оставката усно.