Заев ќе ја поднесе оставката по Самитот на лидери на ЕУ во декември?

58

Ниту Али Ахмети, коалицискиот партнер, ниту било кој од досегашните партнери и блиски луѓе на Заев не успеале да го предомислат премиерот во оставка да ја смени одлуката за повлекување од премиерската функција, откако тој ја загуби битката за локалната власт, пишува Плусинфо.

Како што пишува порталот, премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад“ и ги повикал партнерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.

Според извори на порталот, тој оставката најверојатно нема да ја достави веднаш во парламентот, туку прво имал план да ја истера работата со македонските евроинтеграции по 12 позитивни препораки од Европската комисија, а дури кон крајот на декември, откако ќе се одржи Самитот на лидери на ЕУ, каде се очекуваат клучни одлуки, да ја депонира својата оставка во Собранието.

Извор: Плусинфо