Заев ќе ја предводи пратеничката листа на изборите во „четворката“

20

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,на синоќешниот ТВ-дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, соопшти дека и на следните парламентарни избори закажани за 12 април ќе биде носител на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица.

Оваа единици традиционално е поле на одмерување на силите на Заев кој претендира да биде повторно премиер на Македонија, откако претходно ја предводеше таму истата листата на СДСМ на сите парламентарни избори од 2008, освен на оние во 2014 година.

Мицкоски пак најави дека следната седмица ќе заседава партискиот Централен комитет и тогаш ќе се направат анализи дали тој да биде носител на листа, кандидат на некоја од листите или да остане само кандидат за премиер.

На телевизиското соочување тој додаде дека и натаму се залага за т.н. шпицен кандидат, како носител на мандатот, односно дека нема да бара имунитет како пратеник во парламентот во случај на изборен пораз.

Според Заев, не би било политички исправно доколку Мицкоски ја пропуштел шансата да се натпреварува директно со него во „четворката“.