Заев ѝ понуди помош на Хрватска

34

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за жртвите и понуди помош на Хрватска по силниот земјотрес кој ја погоди земјата денеска.

„Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пелнковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев на Твитер.