Заев:160 милиони евра од петтиот пакет мерки ќе завршат кај компаниите и граѓаните

6

Пакетот содржи 29 мерки со кои се помагаат скоро сите сектори и граѓаните.

Вкупно 160 милиони евра тежи петтиот пакет на економски мерки на владата. Ќе се помогнат сите сектори погодени од пандемијата преку 29 мерки. 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски пари, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

– Овој пакет на мерки се продолжување на пертходните пакет мерки и треба да овозможи раст на економијата и враќање на патеките остварени во 2019 година – рече Заев.

Мерките, како што рече премиерот кои се распределени во распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓанитесе опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.Компаниите ќе можат да одбера дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунарите и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија.

Заев рече дека и здравствените работници кои беа заборавени во претходните мерки ќе добијат субвенции, како и компаниите кои должат кон државата, како и лозарите.

Со посебна мерка ќе се помогнат и Ромите, а ќе биде помогната и дигитализацијата на малите и микро претпријатијата.

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.