Закажана, па откажана средба за пописот на Груби со секретарите на партиите на Албанците

4

Ненадејно закажана, а потоа откажана е денешната средба на вицепремиерот Артан Груби, како секретар на ДУИ, со секретарите на другите парламентарни партии од албанскиот блок, а со цел координација за пописот.

ДУИ извести претпладнево дека средбата ќе се одржи во 11 часот во Клубот на пратеници, каде што два часа подоцна, во 13 часот, треба да седнат на иста маса премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, меѓу другото, за да разговараат и за пописот.

„Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје“, соопштија од ДУИ во најавата за настанот.

Еден час подоцна, од ДУИ стигна известување дека средбата се откажува, поради, како што се наведува, „непотврдување на присуството на опозициските политички партии на средбата за координација околу .пописот“.

Опозициските Алтернатива и Алијанса за Албанците (каде што секретар е Арбен Таравари) дадодоа поддршка за Законот за попис, според кој операцијата треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.