Заканувачот Емил Јакимовски во полициска станица по пријавите за закани од двете новинарки

24

Од МВР за Телма потврдија дека лицето Емил Јакимовски во моментот дава исказ во скопска полициска станица.

-Во моментот е во полициска станица, се работи на целосно расчистување на случајот, ни одговорија од МВР. Лицето во моментот е во полициска станица, дава исказ, се работи на целосно расчистување на случајот.

Двете новинарки Мери Јордановска (А1он) и Искра Коровешовска (ТВ Алфа) вчера го пријавија Јакимовски за заканите и навредите кои кон нив ги упатил Емил Јакимовски преку социјални мрежи.

Има повеќе пријави за сличен тип испади и инциденти предизвикани од Јакимовски (кој до неделата беше вработен во Централниот Регистар). Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.

И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.