Законот за ЈО денеска пред пратениците

3

За денеска во 11 часот закажана е собраниската седница за предлог-измените во законот за јавното обвинителство.

Собранието синоќа со доцнење ја почна расправата за законот, но истата беше прекината и презакажана за денеска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека нема услови да се продолжи седницата затоа што за збор во расправата се јавиле над 30 пратеници. Тој ги повика лидерите на партиите да се договорат на лидерска средба за да обезбедат мнозинство.

Два дена претходно, законите поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

За законот за ЈО потребно е двотретинско мнозинство.

Во недела во 12.00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.