Залудни беа одличните партии на Харден и Јокиќ, Рокетси и Нагетси се поразени

10

Индијана синоќа го совлада Хјустон со 108-104 и на тој начин си ги задржа шансите за влез во плеј-офот на Истокот.

„Ракетите“ не ги спаси ниту феноменалниот Џејмс Харден кој мечот го заврши си 45 поени (од кои 7 тројки), 17 скока и 9 асистенции.

Кај Пејсерси најдобри беа Џру Холидеј и Мајлс Тарнер со по 18 поени, а Виктор Оладипо додаде 16 поени.

И Денвер е поразен од екипата на ЛА Клиперс со 124-111. Ова за Нагетси беше четврти пораз по 7 меча по рестартот на сезоната во НБА.

Српскиот центар Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 17 поени 7 скока и 13 асистенции, недоволно за триумф на својот тим.

Кај Клиперси Пол Џорџ беше најефикасен со 27 поени, а Каваи Ленард додаде 26.

На останатите два ноќешни дуели, Филаделфија е поразена од Торонто со 125-121, а Оклахома минимално славеше против Мајами со 116-115.