Заматена водата во Мавровскиот регион – препорака да не се пие вода директно од чешма

23

Јавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информира жителите дека поради силниот земјотрес со епицентар во Мавровскиот регион, дошло до заматување на водата за пиење во водоснабдителните мрежи.

Од таму препорачуваат извесен период додека потресите не се смират, водата директно од чешма да не се пие.