ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ ГО ИСТЕПАЛ ДИРЕКТОРОТ Избила тепачка во скопско основно училиште

13

Вистинска драма во средата се одвивала во скопското село Буковиќ кога заменик-директорот и директорот на локалното училиште си ги одмериле силите со тупаници.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, во средата во 11.15 часот било пријавено дека во скопското село Буковиќ, во основното училиште, по претходна расправија, 63-годишниот заменик-директор М.Б. од селото Буковиќ физички го нападнал 50-годишниот директор на училиштето Ш.Д. од селото Чајлане.

„По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, наведено е во полицискиот билтен