Занети: Икарди нема да се врати, Лаутаро е иднината на Интер!

Уште не е време за трансфери и понуди, но неизбежно е во паузата предизвикана од Ковид-19 да се разговара за тоа. Лаутаро Мартинез од Интер и пред коронавирусот беше еден од попривлечните напаѓачи на европскиот пазар, но силен авторитет од таборот на Интер изјави дека тој ќе остане.

10

Во изјава за ЕСПН, Занети објасни како гледа на ситуацијата со напаѓачите на Интер, не само со Лаутаро, туку и со Аргентинецот кој минатото лето напушти, Мауро Икарди. Контроверзниот капитен на Интер неславно замина на позајмица во ПСЖ, но договорот со „нераѕурите“ му важи до 2022 година, па затоа е нејасно дали би се вратил или „светците“ би го откупиле. Од друга страна, во Интер толку добро „кликнаа“ Лаутаро и Лукаку, што незамисливо е да се вмеша трет напаѓач.

„Не знам, но мислам дека Икарди нема да се врати. Ќе имаме време да мислиме за тоа. Сега не зборуваме воопшто за трансфери, најважно е здравјето. Лаутаро? Гледам дека е среќен во Интер, тој се идентификува со клубот. Ние веруваме во нега и јас го гледам како иднината на Интер“, истакна легендарниот Аргентинец, кој сега ја извршува улогата на потпретседател во миланските сино-црни.