Заниоло повторно предизвика скандал: Снимка од недозволена забава ги налути навивачите на Рома…(ВИДЕО)

12

Младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој е на ноќна забава, без дозвола од клубот и надвор од сите препораки за заштита од коронавирусот.

Сепак, видео од неговата забава, заедно со соиграчот Лука Пелегрини, се појави во јавноста предизвикувајќи револт меѓу навивачите на Рома. Фановите упатија жестоки критики кон младиот фудбалер од средниот ред… И сето тоа доаѓа откако претходно веќе се најде и во уште еден скандал, при судирот со дел од соиграчите во соблекувалната на Рома.