Заниоло се договори со Галатасарај

12

Фудбалерот на Рома и репрезентативец на Италија, Николо Заниоло, ќе ја продолжи кариерата во турскиот гигант Галатасарај, јавија денеска италијанските медиуми.

Заниоло (23) ќе потпише четиригодишен договор со турскиот клуб, а Галатасарај ќе и плати на Рома обесштетување во износ од 20 милиони евра.

Годишната плата на Заниоло ќе изнесува 3.5 милиони евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека е договорена и откупна клаузула од 35 милиони евра во случај Заниоло да одлучи да го напушти Галатасарај пред истек на договорот.

Заниоло во јануарскиот преоден рок беше во преговори со Милан и Борнмут, а одлучи по секоја цена да замине од Рома откако ги вложи односи со навивачите на римскиот прволигаш.