Западен Балкан, Грција и Бугарија работат на заеднички протокол за границите

9

Министрите за здравство на Северна Македонија, Албанија, Грција, Република Српска и на Косово, како и заменик-министерот за здравство на Босна и Херцеговина, директорката на Институтот за јавно здравје од Србија и директорот на здравствениот инспекторат на Бугарија, денеска договориле за да се изработи иницијален документ на заемен протокол за границите во услови на пандемија.

Како што соопштија од Министерството за здравство, на документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а за протоколот ќе се дискутира на следната видео конференција што ќе се одржи најдоцна за две недели.

Целта на овој протокол е да се овозможи слободно движење на патници во земјите од регионот преку координиран пристап. Во протоколот ќе се прецизира како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот.