Запалени Две возила на ЕВН во Тетово

59

 

Две возила на ЕВН Македонија ноќеска се запалени во Тетово. Едно било запалено во населбата Блок 70, а другото на улицата Иво Рибар Лола. И во двата случаја, тетовските пожарникари брзо интервенирале, ги изгаснале пожарите и не дозволиле огнот да се прошири на околните возила.

„Околу полноќ, голем број граѓани ни се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улицата Иво Рибар Лола, а потоа и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се лоцирани и изгаснати“, изјави Ука Алити, командир на територијалната противпожарна единица од Тетово.

На местата каде што се запалени автомобилите увид извршиле стручни екипи на СВР Тетово.

За денеска попладне, активисти и здруженија од Тетово го најавија вториот протест против поскапувањето на електричната енергија од страна на ЕВН. Протестот е закажан за 18 часот на градскиот плоштад.