Започнаа одложувањата и на ЕП, Србија и Холандија ќе играат в сабота

10

Дуелот меѓу Србија и Холандија, кој требаше да се одигра в петок, е одложен поради позитивен случај на една ракометарка.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека позитивен тест пријави српската репрезентација. Поради тоа донесена е одлука натпреварот да биде преместен за 24 часа, односно да се одржи в сабота.

Протоколите за време на Европското првенство ќе бидат идентично строги како на сите турнири кои се одржуваат за време на пандемијата. Позитивните случаи веднаш ќе заминат во изолација, а останатите ќе бидат тестирани неколку пати пред да излезат на терен.

Континенталниот собир во Данска започна на 3, а ќе трае до 20 декември.