Започна протестот пред Собранието на Македонија

2

Пред Собранието на Македонија започна протестот „Ултиматум, не благодарам“, од кој се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. За разлика од изминатите денови, денешниот протест беше закажан за 12 часот, време кога се очекува во Собранието да пристигне претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, чие обраќање пред пратениците е закажано за 13 часот. Во 13.30 часот е закажана пленарна седница на чиј дневен ред е францускиот предлог.

На протестот на почетокот се испеа државната химна, се извикува „оставки“, се носат транспаренти, знамиња..

Собранието е обезбедено со кордони полиција, полиција има и на сите приоди во Центар кон Собранието, а од утрово за сообраќај е затворен булеварот „11 Октомври“, поради што има метеж по другите сообраќајници во централното градско подрачје.