Запрени сите судски рокови додека трае вонредната состојба, одложено одење во затвор на осуденици под 3 години затвор

Запирање на течење на роковите во правосудните постапки до крајот на вонреднта состојба, како и можност за водење на постапки по интернет се дел од новата уредба со законска сила донесена од владата. Со писмо до сите вклучени во судските постапки, министерката за правда Рената Десковска известува дека со новата уредба престануваат да течат законските рокови за парнични и вонпарични постапки, за приватни кривични тужби и предлози за кривично гонење.

33

Со новата уредба додека трае вонредната состојба нема да течат ниту роковите за присислно извршување и за судска наплата на долгови. Исто така привремено нема да важат ниту роковите за постапки по иницијативи пред Уставниот суд како и роковите за управните постапки. Роковите за застарување на кривичните дела престануваат да течат, извести министерката Дескоска.

До први септември се одложува упатувањето на затворениците кои треба да отслужат тригодишна затворска казна, освен во предметите каде постои опасност во тој период не застарува извршувањето на казната. На судиите поротници им се продолжува мандатот додека трае вонредната состојба. Десковска во писмото известува и дека судскиот совет може да донесе одлука и да одреди одржување на расправи и други судски постапки преку интернет откако ќе се обезбеди двонасочна комуникација без заедничко присуство на учесниците во постапките.