Заработува 18 милиони долари годишно, а направи грешка како првпат да влегол на НБА терен (Видео)

6

Голден Стејт игра очајна сезона без двете најголеми ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон, а во ситуација кога се очекува Дрејмонд Грин да биде лидер на теренот, мора да се напомене дека трикратниот НБА шампион игра далеку под своето ниво.

Всушност, Грин е еден од најплатените во Голден Стејт со годишна заработка од 18 милиони долари, но оваа сезона ниту во најмала рака не ги оправдува потрошените средства за него, за што доказ е и почетничка грешка која ја направи изминатава ноќ. „Воините“ го претрпеа четвртиот пораз во низа на гостувањето кај Бостон (119:104), а неговиот ужасен потег на најдобар можен начин ја отсликува сезоната на Голден Стејт во која тимот од Оукленд е последен со само 10 победи.

НБА резултати од изминатава вечер:

Кливленд – Торонто 109:115
Вашингтон – Шарлот 121:107
Атланта – Филаделфија 127:117
Бостон – Голден Стејт 119:104
Денвер – Јута 106:100
ЛА Клиперс – Сакраменто 103:124