Заразени околу 200 службеници на Обединетите нации

14

Повеќе од 200 службеници на Обединетите нации во Сирија заразени се со корона вирус, соопштија надлежните.

Во таа земја здравствената структура е веќе уништена со војната, а ОН се обидуваат да ги зајакнат капацитетите во борбата против вирусот, пренесува Ројтерс.

„Забележани се повеќе од 200 случаи на Ковид-19 меѓу персоналот на ОН, од кои некои се во болница, а тројца се медицински евакуирани“, наведува висок службеник на ОН во писмото кое Ројтерс го добил од заразен локален персонал.

Како што се наведува, вистинскиот број заболени веројатно е повисок, сметајќи ги и членовите на невладините организации кои соработуваат со ОН.

Таа организација изрази загриженост поради ширењето на вирусот во земјата во која здравствениот систем е многу оштетен во војната и во која е отежнато снабдувањето со лекови.