Заразен пациент во старски дом во Битола, цимерите се тестираат, вработените во изолација

Повеќе корисници во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола се тестираaт за ковид-19, откако 86-годишен пациент е позитивен на коронавирусот.

47

Заразениот пациент е хоспитализиран на Инфективното одделение во битолската болница на 4 април, поради зголемена темпераура. Тој бил примен во домот на 18 март, а како што јави ТВ Телма, најверојатно веќе бил заразен затоа што неговата внука неодамна се вратила од Германија, и при приемот во домот не му била направена епидемиолошка анкета.

Земени се брисеви од пациентите од две лица што делеле соба со заболениот, како и од околните соби на катот каде што било сместено ова лице, а персоналот кој бил на работа тој ден е испратен на домашна изолација и се донесени други вработени по систем на ротација. Дадени се и препораки за темелно чистење на објектот.

Во Старскиот дом во Битола има вкупно 154 корисници и 34 вработени, од кои 8 се во домашна изолација.