Засилени полициски патроли на патарината Романовце

6

 

Засилени полициски патроли утринава има на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје.

Од МВР соопштија дека работат согласно оперативниот план по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Состојбата на терен е мирна.

Изминатите денови на социјалните мрежи имаше повик до граѓаните да ја блокираат патарината.