Затоа вреди 100 милиони: Санчо урна рекорд во Бундеслигата стар – пола век!

8

Веројатно најголемиот англиски талент во моментов, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд уште зимава ќе биде еден од најбараните фудбалери за кого „милионерите“ не отстапваат од идејата екстремно добро да заработат – 100 милиони евра. И ако се погледне неговиот учинок, не е ни чудо што на „Сигма Идуна Парк“ бараат толку пари.

Санчо во Дортмунд дојде за 10 милиони евра од Манчестер сити, кој прелесно се откажа од неговиот услуги. И во сезоната 2017-18, младиот Англичанец дебитираше и го постигна првиот гол за германскиот бундеслигаш. Пред крајот на еснскиот дел од оваа сезона 2019-20, Санчо со гол против Лајпциг стигна до бројка од 22 погодоци. И со тоа влезе во историјата.

Со само 19 години и 267 дена, Англичанецот го урна досегашниот рекордер како најмлад стрелец на преку 20 голови. Рекордерот беше Хорст Копел од 1968 година со 18 години и 269 дена.

Колку е моќен Санчо најдобро покажува статистиката од последните шест меча почнувајќи од средина на ноември. Даде осум гола, има пет асистенции во овој период. И затоа не чуди што за него се тепаат сите европски гиганти, а цената му е – трицифрена.