Захариева е позитивна на коронавирус

14

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, била позитивна на ПЦР тестот, соопштија од прес-службата на Министерството.

Од таму додаваат дека таа е во добра општа состојба и дека работните обврски ќе ги извршува од својот дом.

За време на изолацијата, неа ќе ја замени заменик-министерот Петко Доиков, пренесе бугарскиот портал Топновини.бг.