Захариева: Не е во ред да се победува на избори со кампања против соседна земја

6

Со Република Северна Македонија се чини дека има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години. Но, фактот дека е толку видлив и секогаш во фокусот на вниманието на јавноста, мислам дека ќе помогне да се реши во крајна сметка. Тоа воспитување на генерации сп омраза кон Бугарија и Бугарите е основа на нашиот проблем, вели министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во денешното интервју за 24 Часа.

Ова Захариева го искоментира одговарајќу на прашањето зошто односите помеѓу Бугарија и Македонија се замрзнати, наместо тие да се најтопли и најдобрососедски. Шефот на бугарската дипломатија сепак е оптимист дека ќе се најде решение за проблемот.

– Немаме друг избор. Мораме да го пребродиме. Ние секогаш ги поддржувавме дури и во најтешките моменти, ќе продолжиме и сега така да правиме. Не сакав толку многу да се водат преговорите пред медиумите, што доведе до тешка реторика, затоа што тогаш е тешко да се пткажеш од изговорените зборови. Јас разбирам дека честопати зборуваме за сопствената публика, но не е во ред во 21 век да се победи на избори со кампања против која било од вашите соседни земји. Ова не може да продолжи така, вели таа.

Захариева демантира дека Бугарија води дипломатска војна со Србија за превземање на влијанието во Скопје.

– Бугарија не води војна сигурно. Ниту со Република Северна Македонија ниту со Србија, ниту со кој било друг дел од светот. Но, не е тајна дека силното влијание на Белград со Скопје секако има тенденција кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институции. Овој тренд не запре во последните 30 години и е така разбирливо. Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно.

Не можеме да немаме железничка линија со Република Северна Македонија. Тие не можат да создаваат административни бариери за бугарските компании. Обидот Бугарија да се претстави како историскиот реваншист на XIX век е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се реални. Најважно е да ги смирите емоциите и да изгледате прагматично.

Со Србија, до крајот на оваа година, конечно ќе имаме автопат од Софија до Белград. Ние имаме добри односи со Србија, се разбира, ние секогаш го покренуваме прашањето за бугарското малцинство за пристап до образование и учебници на мајчин јазик, за развој на областа, за инвестиции и сл, одговори министерката.