Захариева: Петков води двојна надворешна политика кон Македонија

7

Бугарија има двојна надворешна политика, при што министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот Кирил Петков и неговите колеги од С. Македонија, изјви пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Захариева појасни дека овие наводи не се нејзини, туку се изнесени лично од актуелната министерка Генчовска, додавајќи дека станува очигледно оти „Петков се заложил да го тргне ветото без притоа да ги исполни обврските“, пренесува Факти.

Според поранешната министерка, потребно е „Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став“ по прашањето за С. Македонија.

“Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на С. Македонија. Не треба да личиме на ситен историски реваншист, а тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутно лажното читање на историјата, проблемот е што се создава омраза кон соседна земја и земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век не почитува основни човекови права“, рече Захариева.

Поранешната шефица на бугарската дипломатија додава дека Софија направила апсолутно се што е можно во однос на спорот со Скопје.