За Ахмети слободните избори се одраз на нивото на демократија во земјата

19

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска по гласањето Зајас, општина Кичево посака мирен и демократски изборен процес. Според него, ова ќе биде најголемата победа што ќе ја докаже демократската зрелост на земјата.

„Како и обично, првата желба е изборите да поминат според сите стандарди, бидејќи слободните избори се одраз на нивото на демократија во една земја, на остварувањето на демократијата, иако сите ние инвестиравме во високи стандарди за ова ниво да се подигне и се надевам дека граѓаните ќе се определат за најдобрата визија, за најдобрата програма, бидејќи и визијата и програмата се во корист на сите граѓани. Се надевам на успешно завршување на процесот, на прифатлив процес за сите страни кои учествуваат во изборниот процес“, рече Ахмети.

Тој, исто така, ја изрази својата проценка за изборната кампања како достоинствен процес, одржан според сите демократски стандарди, заблагодарувајќи им се на граѓаните во земјата за поддршката и за слушањето на програмската понуда на ДУИ во секоја општина.