За влакно избегната голема несреќа на концертот на Северина (ВИДЕО)

14

Северина синоќа имаше концерт во Белград во арената „Штарк“, а меѓу толпата фанови присуствуваа и голем број јавни личности кои споделија видеа и фотки од атмосферата на социјалните медиуми. Сепак, на самиот почеток на концертот се случила незгода, која за среќа брзо била решена. Севе излегла на сцената, музиката почнала, но одеднаш се слушнале вресоци во салата.

„Рефлекторот пукна, а стаклото се разлета право на публиката. Девојките вреснаа, како што видовме, малку ги повреди скршеното стакло, а обезбедувањето веднаш ги тргна“, открил очевидец за Свет познатих.рс.

„Откако беше избегната несреќата, обезбедувањето остана да стои во редот каде што имаше скршено стакло за никој да не се повреди, додал очевидецот.

Настапот продолжил веднаш по малиот инцидент, а Инстаграм е преплавен од луѓе кои биле на концертот. Како што пишуваат на споделените видеа и фотки, во Штарк арената вчера ноќта била „навистична магична“, баш како и насловот „The magic tour“ на концертната тура на Северина.