За дури 300 отсто се зголемил бројот на барања за венчавки во Вухан

Кинескиот град Вухан, главен град на провинцијата Хубеи и местото каде се појави коронавирусот, се враќа во нормала.

15

 

Откако во петокот повторо се отвори службата за венчавки, а вчера градот повторно беше отворен по 76-дневна блокада, барањата за склучување брак во Вухан се зголемиле за 300 отсто. Тоа, пишуваат светските медиуми, може да се толкува и дека голем број на врски кои го „преживеаја“ изминатиот период решаваат тоа да го прослават со преминување на следното ниво – брак.

Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми.