За еден глас одложен протоколот за НАТО, денес нов обид Шпанија да изгласа Влада

6

За еден глас, Педро Санчез вчера не успеа да формира влада во првиот обид и така остана неизвесно полноправното членство на Северна Македонија во НАТО. Но шпанските закони предвидуваат дека доколку во првиот обид пропадне формирањето влада, вториот обид треба да се случи за 48 часа, што значи дека Санчез денес во 14 часот по наше време треба да обезбеди уште еден глас за формирање влада.

Формирањето влада ќе може да се постигне доколку Санчез обезбеди два гласа повеќе од бројот на гласови што се против него. 167 гласа ЗА и 165 ПРОТИВ. Но екс амбасадорот во НАТО, Нано Ружин очекува утре да се формира Влада и со тоа да се отвори патот за членство на нашата држава во НАТО. Тој не предвидува пролонгирање на процесот.

Формирањето влада во Шпанија ќе го отвори патот за ратификација на Протоколот со кој нашата држава ќе стане 30-та членка н НАТО, бидејќи Шпанија е единствена држава која се уште го нема направено тоа, а според правилата на НАТО, една нова држава да стане членка, протоколот треба да се усвои од сите земји членки на Алијансата. Но по формирањето на владата како што објасни амбасадорот Ружин, на Шпанија ќе и требаат 15 дена за да ја заврши постапката за ратификација на Протоколот.

Откако Шпанија ќе формира Влада и истата ќе го ратификува Протоколот, се очекува истиот да помине во Собранието на РСМ. Но целата таа постапка треба да заврши до 12 февруари бидејќи за овој датум е закажано распуштањето на Собранието, бидејќи на 12 април нашата земја оди на предвремени избори. Од друга страна Владата предложи закон за ратификација на условениот протокол за НАТО. Овој предлог закон му овозможува на Собранието на РСМ да го ратификува протоколот без да го ратификува Шпанскиот парламент. Но повторно РСМ ќе може да стане полноправна членка само откако протоколот ќе помине и во Сенатот на Шпанија.

Во Преспа, шефовите на македонската и грчката дипломатија го потпишаа договорот кој г реши 20 годишниот спор меѓу Грција и Северна Македонија за името. Овој договор го деблокираше евро-атлантскиот процес на Северна Македонија и со тоа започна постапката за членството во НАТО.