За неносење маска казни за 292 лица

23

Во текот на изминатиот ден на територијата на целата држава регистрирани се 292 прекршувања на мерката за носење заштитна маска, информира МВР.

Од Министерството апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.