За неносење маска казни за 578 лица

23

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрирани се 578 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи истовремено апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.