За парламентарни избори се регистрирани 152 портали повеќе отколку на претседателските

4

За претстојните предвремени парламентарни избори, регистрирани се дури 235 интернет-портали кои ќе може да објавуваат платена политичка пропаганда, што е драстично зголемување во споредба со претседателските избори оддржани минатата година, кога беа регистрирани само 83 портали.

Според Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали), што го усвои ДИК на крајот на минатиот месец, барање за упис поднеле 45 телевизии, 53 радиостаници, 12 дневни весници и 235 портали, кои воедно доставиле ценовници за рекламирање.

Ова е значителна разлика во споредба со претседателските избори оддржани една година порано, кога Комисијата водеше Регистар на интернет портали, на кој се регистрирани 83 портали кои обезбедувале платено политичко рекламирање, или 152 помалку отколку за претстојните избори.