За три и пол месеци починале 1.986 пациенти со ковид-19, од нив 79 проценти не биле вакцинирани

4

Од 58.276 позитивни на ковид-19 во целата држава во периодот од 06.08 до 25.11.2021, целосно вакцинирани биле 17.896, односно 31 процент, а 69 проценти или 40.380 лица биле невакцинирани.

Според статистиката на Министерството за здравство, голем е процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани, па така од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Анализата , исто така покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во периодот од 6 август до 25 ноември на територијата на целата држава починале 1.986 пациенти со ковид-19, при што 1.571 пациент од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство повторно укажува на важноста на вакцинација и додава дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКоВ2.