За 11 Октомври ќе одмораме во понеделник, 12-ти е неработен ден за сите граѓани

107

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.