За 24 часа 502 прекршоци за неносење заштитна маска

14

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 502 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19. Казната за неносење маска во јавни затворени простории изнесува 20 евра.