Зголемен водостојот на Врадар кај Јегуновце

2

 

За 25 сантиметри е зголемен водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце во споредба со вчера, а на останатите три мерни места нивото е речиси исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа на ова и на мерното место кај Демир Капија водостојот на Вардар е повисок од просекот за јануари, додека на мерните места во Скопје е понизок од просечниот.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси систе реки во земјава, како и на Преспанското и на Охридското Езеро. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.